Кликнете тука за поголема мапа.
Станбениот комплекс GREEN GARDEN се наоѓа на атрактивна локација во населба Сењак во Штип во зона со развиена инфраструктура и сообраќајници.
Во близина на самиот комплекс се основните училишта “Тошо Арсов” и “Димитар Влахов” , детската градинка “Сончогледи” , спортскиот комплекс “Јордан Мијалков” како и голем број на трговски и деловни објекти, брза конекција до центарот на градот како и на оддалеченост од само 100 м од новата пешачка патека во должина од 10 км по кејот на реката Брегалница.
Комплексот има експресен пристап до новата обиколница којашто овозможува брза и непречена комуникација со индустриската зона во Штип , Кампус 2 и Кампус 4 од универзитетот Гоце Делчев Штип како и новиот автопат Штип / Миладиновци притоа избегнувајќи го сообраќајниот метеж.
Стратешки одбраната локација го позиционира комплексот во близина на ОУ „Тошо Арсов“ и ОУ „Димитар Влахов“, детската градинка „Сончогледи“, спортскиот комплекс „Јордан Мијалков“, голем број на трговски и деловни објекти, а истиот е на оддалеченост од само 100 м од новата и единствена пешачка патека во должина од 10 км по кејот на реката Брегалница.
Комплексот има брза конекција до центарот на градот, а она што е уште позначајно е експресниот пристап до новоизградената обиколница кој овозможува брза и непречена комуникација со индустриската зона во Штип, Универзитетските Кампус 2 и Кампус 4, како и новиот автопат Штип – Миладиновци, притоа избегнувајќи го сообраќајниот метеж.
Ваквата позиционираност на комплексот нуди можности за лесно секојдневно функционирање на станарите и уживање во сите предности кои произлегуваат од домувањето во еден ваков современ и уникатен станбен комплекс.
Високата репутација и кредибилитетот на АКТИВА ДОО Штип во Комерцијална Банка АД Скопје овозможија потпишување на договор за деловна соработка меѓу двете институции, со што на купувачите на станови им се отвори можност за користење на станбено кредитирање со мало учество и најниска каматна стапка. Аплицирањето за станбениот кредит е едноставно и брзо, а финансискиот сектор од АКТИВА ДОО Штип и вработените во штипската филијала на Комерцијална Банка АД Скопје со задоволство ќе им помогнат на купувачите на станови при процесот на аплицирање.