”AKТИВA” ДOO Штип како врвна градежна компанија со 20 годишно искуство управувана од високо обучен и респектиран менаџерски тим, располага со кадар со највисок степен на компетентност, стручност и интегритет, квалитетен инженерски тим, како и добро обучени извршители со квалификации по соодветните фази на работa од областа на градежништвото.
Добро позиционирана, во срцето на индустриската област во Штип, како приватна компанија, започнува да функционира во изведбата на комерцијални и деловни објекти.
Со целосна инженерска подршка, уште од самиoт почеток, комплетно е фокусирана кон принципот за квалитет и највисоко ниво на почитување кон клиентите, што придонесе и покрај силната конкуренција, АКТИВА долгорочно да се одржи како лидер во градежниот сектор во земјата. Високата позиција ја оправдува со константно и континуирано подобрување и усовршување на квалитетот, пред сè со набавка на врвни суровини и уште повеќе преку конзистентно инсталирање на најсовремена опрема и следење на најновите светски трендови во областа.
Мисијата на “АКТИВА”ДОО Штип e создавање на нови вредности во градежништвото преку задоволување на највисоките потреби кај клиентите и тоа единствено преку квалитетно и навремено решение. Квалитетот е основното начело на кое се безира деловното работење на “АКТИВА”ДОО Штип.
“АКТИВА” ДОО Штип, како компанија од градежната индустрија е фокусирана исклучиво кон стремежот за унапредување и развој, правејќи ја на тој начин нашироко препознатлива по континуираната примена на најновите светски технологии и позитивните технички прописи. Со ваквата филозофија на работење компанијата ќе продолжи сè додека не стане водечка компанија не само на пазарот во Македонија, туку и во Европа.
Вредностите на “АКТИВА” ДОО Штип се темел на работењето и го дефинираат начинот на кој се извршуваат деловните активности. Интегритетот, квалитетот, одговорноста, навременоста и конзистентноста во сè што компанијата прави се прифатени заеднички вредности на секој вработен и одраз на сè она што претставува “АКТИВА” ДОО Штип во општеството.
Комплексот „GREEN GARDEN“, составен од шест седумкатници, со својата модерна архитектура е прв и единствен од ваков тип објект за домување во Штип и неговата околина. Неговата единственост се должи пред сè на уникатниот концепт и поставеност, високиот квалитет на градбата од секој аспект, одличната локација, околната солидно развиена инфраструктура, 100% обезбедените паркиралишта, како и колоритните паркови, зелени површини и заеднички содржини за станарите во склоп на самиот комплекс. Секоја од седумкатниците ќе има 2 влеза, вкупно 60 стана, односно по 4 стана во влез на кат и 1 лифт на секој влез, што овозможува брза и непречена комуникација со секој од катовите. Големината на становите е внимателно планирана за да ги задоволи различните потреби и барања на станарите, нудејќи можност за избор на станови со површина од 40 до 194 м², секој од нив со неприкосновена фунционалност и различни можности за уредување по сопствен избор. Ваквите уникатни карактеристики го прават „GREEN GARDEN“ совршен за еден современ и квалитетен начин на домување, место каде станарите ќе ги имаат сите можности за пријатно секојдневие со непречено и олеснето функционирање.